Заклучно со 16 мај, вакцинирани се вкупно 207 219 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19, а комплетно се вакцинирани вкупно 31 599 лица
Во периодот од 10 до 16 мај регистрирани се 674 нови позитивни случаи од 31 град во државата, со намалување од 48,3 отсто во однос на минатата недела, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.
Зголемување има и кај бројот на тестирани – вкупно 16 773 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,3 проценти во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 1,8 проценти до 7,2 отсто, просечно 4,0 проценти.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=280; 41,5 проценти).
Заболените се од сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=240, 35,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=114; 16,9%), 30-39 (n=114; 16,9%) 40-49 (n=111; 16,5%), и 20-29 (n=56; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=6; 0,9%) и 10-19 години (n=33; 4,9%).
Опаѓање се бележи кај бројот на починати. Во овој период се пријавени 65 смртни случаи од 15 града, 38,1 отсто помалку во однос на минатата недела.
Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, седум лица на возраст од 50 до 59 години, едно лице на возраст од 40 до 49 години и едно лице на возраст од 30 до 39 години.
Заклучно со 16 мај, вакцинирани се вкупно 207 219 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19, а комплетно се вакцинирани вкупно 31 599 лица.