Нигерискиот сој кој е сличен на јужноафриканскиот, исто така, е чест во африканските земји
Македонскиот офицер кој беше донесен од Африка не е заразен со јужноафриканскиот сој на корона вирусот, туку кај него е детектиран нигериски сој на вирусот.
„Според анализите од МАНУ кај војникот детектиран е нигериски сој на вирусот, а не јужноафрикански. Иако има сличности меѓу двата соеви, не станува збор за ист сој. Нигерискиот сој исто така е чест во африканските земји“,
велат од Министерството за здравство за МИА.
Но, инфекцијата кај него е во поодомината фаза и тој веќе е во фаза на оздравување.
Потполковникот на Армијата, кој учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република, вчера наутро беше донесен со медицинска евакуација откако имал позитивен тест на коронавирус.
