Министерката за одбрана Радмила Шекеринска информира дека рано утрово од Централноафриканската Република пристигна потполковникот, кој е позитивен на ковид-19. Тој се чувствува добро, добро го поднесе летот и е сместен на Инфективната клиника, напиша Шекеринска на Фејсбук.
„Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ нè информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен“,
додаде министерката.
Потполковникот на Армијата, кој учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република, беше донесен со медицинска евакуација откако беше тестиран позитивен за коронавирус.