Целта е да се поттикне малата заинтересираност на граѓаните за вакцинација
Американската сојузна држава Охајо ќе награди пет лица кои примаат вакцина против коронавирус со по еден милион долари, како дел од лотаријата што е организирана за да се поттикне малата заинтересираност на граѓаните за вакцинација.
Гувернерот Мајк Девајн објави дека добитниците ќе се бираат еднаш неделно, а првото извлекување е закажано за 26 мај.
Тој посочи дека само возрасни граѓани можат да учествуваат во лотаријата, а лицата под 18 години ќе имаат можност да освојат стипендија за Државниот универзитет во Охајо.
Наградите ќе бидат исплатени од средствата за борба против коронавирусот на сојузната влада, пренесува Би-би-си.
Соединетите држави се светски лидер по бројот на луѓе вакцинирани против ковид-19, со 58,7 проценти вакцинирано население.
Парични награди за примена вакцина се даваат и во Србија. Сите граѓани на Србија што досега се вакцинирани или ќе примат барем една доза против ковид-19 до 31 мај ќе добијат од државата дополнителни 3 000 динари.