На македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа ѝ се оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените во составот на делегациите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Во македонското Собрание има 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, но во делегацијата од шест члена само две се жени, што претставува 30 отсто.
Тоа значи дека сè до донесување нова одлука, нашите парламентарци ќе можат да учествуваат во расправите, но не ќе можат да гласаат.
Барањето за оспорување на составот на делегацијата го истакна унгарската пратеничка Зита Гурчаи од групата на социјалистите и демократите. Покрај нашата земја, овластувањата им се оспорени и на уште неколку други земји, како Швајцарија или Шведска.
Шеф на македонската делегација е пратеникот Бетиане Китев, а членови се ексшефот на дипломатијата Никола Попоски и Шпреса Хајдари. Заменици-членови на делегацијата се поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски, Фросина Ташевска-Ременски и Африм Гаши.