Угостителските објекти ќе може да работат до 23:30 часот, театрите со исполнетост до 30 отсто, се отвораат фитнес-центрите
Согласно претходна одлука на Владата, утревечер нема полициски час
Од утре полицискиот час ќе почнува од 24 и ќе трае до 4 часот наутро наредниот ден.
Вака одлучи Владата на денешната седница, со што го скрати времетраењето на полицискиот час на 4 часа во текот на ноќта, иако предлогот од Кризниот штаб беше да трае до 5 часот наутро.
Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Вежбалните и фитнес-центрите може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година.
Владата ја прифати и препоракатаво градинките да се зголеми бројот на згрижени деца во воспитните групи до две годишна возраст – најмногу до 15 деца, а во воспитните групи од 2-6 годишна возраст – најмногу до 20 деца.
Со одлука на Владата од денешната седница престанува да важи и наредената мерка со која се забранува користење на годишни одмори, платени и неплатени отсуства од сите вработени лица во здравствениот сектор, односно се дозволува нивно користење, согласно планот на раководителот на институцијата, без да се наруши нормалното и тековно функционирање на системот на работа во здравствените установи.
Како дел од овие мерки е и одлуката дека сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни) може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 % исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори. Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика.
Согласно претходна одлука на Владата, утревечер нема полициски час.
