Сепак, локалните медиуми наведуваат дека полицијата проверува и друга верзија – дека напаѓачот имал двајца соучесници, односно помагачи
Министерството за внатрешни работи на Татарстан денеска соопшти дека масакрот во училиштето во рускиот град Казан го извел еден тинејџер, кој е приведен.
Напаѓачот имал експлозивна направа и автоматско оружје.
Претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов, кој веднаш допатува на местото на нападот, рече дека се убиени седум ученици.
„Изгубивме седум деца, ученици од осмо одделение, четири момчиња, три девојчиња. Тие починаа тука на третиот кат“,
истакна Миниханов додаде дека 16 лица лица се повредени, од кои 12 деца и четири возрасни, кои сега се во болница.
Инаку, напаѓачот, идентификуван како Илназ Гаиалијев, има 19 години и е поранешен ученик во тоа училиште. Според порталот „База“, тој на апликацијата Телеграм пред нападот креирал канал и оставил неколку пораки. Се фотографирал со маска на која пишува „Бог“ и напишал дека ќе го нападне училиштето, а потоа ќе се застрела себеси.

Сепак, локалните медиуми наведуваат дека полицијата проверува и друга верзија – дека напаѓачот имал двајца соучесници, односно помагачи. Според извор од ФСБ, наводно приведен е и 41-годишниот Мохамедшим Рамил, осомничен за помагање и поддршка на нападот.
Мотивот за нападот сѐ уште не е познат.
Драматично видео снимено од очевидци покажува како децата бегаат од училиште додека пукањето продолжува. Во еден момент може да се види како некој скока низ прозорецот. Некои медиуми објавија дека децата скокнале од прозорецот, а „Спутник“ дури наведува дека две деца починале скокајќи од прозорецот. Официјалните лица сè уште не ја потврдија оваа информација, а видеото е отстрането од каналите.
Властите соопштија дека се воведени дополнителни безбедносни мерки во сите училишта во Казан, главниот град на рускиот регион Татарстан, околу 700 километри источно од Москва.
Полицијата отвори кривична истрага за инцидентот.
Утрешниот ден е прогласен за ден на жалост во Татарстан во спомен на жртвите.