Многу приватни и државни болници во Катманду изјавија дека не можат да примат повеќе пациенти со ковид поради недостиг на кислород и на боци
Непал се соочува со толку голем недостиг од боци за кислород, поради што денеска ги замоли алпинистите кои се искачија на Монт Еверест да ги донесат своите празни боци, наместо да ги оставаат празни на планината.
Во време кога Непал се соочува со силен втор бран на пандемијата на ковид-19, државата им даде дозвола на повеќе од 700 алпинисти да се искачат на 16 врвови на Хималаите, од кои 408 на Монт Еверест, во периодот од април до мај, со цел да се започне со планинарскиот туризам, пренесува Ројтерс.
Но, планинарското здружение Непал (НМА) одлучи да побара услуга од планинарите – да му помогнат на Непал да се справи со зголемениот број заболени од ковид-19, што го доведе здравствениот систем на работ на колапс.
Шефот на НМА изјави дека алпинистите и нивните водичи со себе однеле најмалку 3 500 боци со кислород, кои претежно остануваат закопани во лавините или се оставаат на падините за време на спуштањето по планината.
„Апелираме до планинари и шерпазите да ги враќаат празните боци секогаш кога можат, за да можеме да ги наполниме и да ги користиме за лекување на пациенти со коронавирус“,
велат од НМА за Ројтерс.
Многу приватни и државни болници во Катманду изјавија дека не можат да примат повеќе пациенти поради недостатиг на кислород и на боци.
„Потребни ни се околу 25 000 боци што е можно побрзо за да ги спасиме луѓето од смрт. Ова е итно“,
апелира службеникот на Министерството за здравство Самир Кумар Адихари.