Одобрувањето на кинеската вакцина е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и може да се вклучи во Ковакс системот
Вакцината на „Синофарм“, една од двете кинески вакцини што се веќе дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.
Исто така, СЗО за првпат одобри за итна употреба кинеска вакцина против заразна болест.
Фактот дека вакцината на „Синофарм“ е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и може да се вклучи во Ковакс системот.
СЗО досега одобри итна употреба на вакцините против ковид-19 кои ги развија Фајзер/Бионтек, Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Модерна.