Полицискиот час се скратува за два часа, односно од утре, 5 мај, ќе започнува од 23 часот и ќе трае до 5 часот наутро. Угостителските објекти за гости ќе работат до 22:30 часот.
Ова се најновите одлуки што вечера се донесени на владината седница.
„Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи“,
информираат од Владата.
Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.