Настанот по повод пристигнувањето на кинеските вакцини првично беше закажан во 5 часот наутро, а потоа презакажан за 7 часот
Утре рано наутро, во земјава стигнуваат 200 000 вакцини „Синофарм“, за што Министерството за здравство најави настан во 5 часот во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Подоцна, настанот беше презакажан за два часа, односно ќе почне во 7 часот наутро.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.
Од Министерството посочуваат дека вакцините се купени во директни преговори со производителот.
Светската здравствена организација најави дека планира наскоро да донесе одлука за итно одобрување на кинески вакцини против ковид-19 на „Синофарм“ и „Синовак“. Списокот на вакцини одобрени од СЗО се смета за потврда за нивната ефикасност и безбедност.
