Бугарското обвинителство вчера објави дека собира докази за можна вмешаност на шестмина Руси во четири експлозии што се случија помеѓу 2011 и 2020 година во магацини со муниција наменети за извоз во Украина и Грузија
Бугарија денеска објави дека протерува руски дипломат под сомнение дека Москва учествувала во четири експлозии во бугарски складишта за оружје.
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева побара целосна соработка од Русија во истрагата за експлозиите и обидот за труење на бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев.
Таа денеска ја повика на разговор руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова.
Бугарското обвинителство вчера објави дека собира докази за можна вмешаност на шестмина Руси во четири експлозии што се случија помеѓу 2011 и 2020 година во магацини со муниција наменети за извоз во Украина и Грузија.
Министерството за надворешни работи во Москва објави одговор на протерувањето на дипломатот од Бугарија, пренесува Ројтерс.
Претходно, Чешка протера руски дипломати од истите причини.