МЗ вечерва соопшти дека вакцинацијата ќе биде во спортската сала Борис Трајковски, во три групи, од 10 до 18 часот
Утре во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РСМ, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Тие, како што се вели во соопштението, се дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.
Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи, од 10 до 18 часот.
Претходно, на 14 – ти овој месец беа вакцинирани собраниските служби.
Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура.
Во „Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела со доаѓањето на нови дози вакцини ќе има измена на приоретите и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација, велат од МЗ.
