Вицепремиерот за спречување корупција го пофалил градоначалникот, кој беше избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека неговата општина е високорангирана во делот на владината препорака за транспарентност на институциите
Вицепремиерот за спречување корупција Љупчо Николовски денеска беше во Кавадарци, на, како што соопштија од неговиот кабинет, работен состанок со градоначалникот Митко Јанчев, а во рамки на редовните состаноци и запознавање со Планот за борба против корупција.

Николовски, на средбата посочил дека, според рангирањето на исполнување на владината препорака во делот на објава на потребните 22 категории на документи, согласно со Законот за пристап до информации од јавен карактер, општина Кавадарци е со високо ниво на исполнетост на препораката.
„Колку поголема активна транспарентност и отчестност толку посилна е борбата против корупцијата, затоа што отчтноста и транспарентноста се половина од борбата против корупција. Општина Кавадарци моментално ја подготвува својата Антикорупциска годишна програма. Со тоа, ја јакнеме свеста за значењето од детектирањето на сите ризици во делот корупцијата, особено во делот на услугите на општините“,
изјави Николовски.
Тој го информирал Јанчев за новата одлука на Владата за ограничување на трошоците за угостителски услуги за работни состаноци во угостителски објекти која важи за сите државни функционери, како и за подготвката на регистарот за користење на службгени возила.

Јанчев посочил дека Општината активно ќе се вклучи во исполнување на препорките од Планот за борба против корупција.
„Ние како општина се стремиме кон дигиталицазија, се стремиме кон тоа да ги имплементираме антокорупциските мерки и да ги спроведиме во општината и во јавните претпријатија, а да бидат усогласени со Владата. Да бидеме транспарентни, објективни, а со тоа да придонесеме кон напорите на Владата за борба против корупцијата“,
рекол Јанчев, како што пренесуваат од кабинетот на Николовски.
Во рамки на посетата на Кавадарци, Николовски, имал работен состанок и со претседателот на Основниот суд Лазар Нанев, на кој била истакната зголемената потреба за дигитализација во судството, што ја наметна пандемијата.
Јанчев беше избран за градоначалник во 2017 година, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, каде што едно време беше и потпретседател – до несогласувањата со партискиот лидер Христијан Мицкоски. Канчев, во неколку наврати соопшти дека планира да се кандидира за нов градоначалнички мандат на локалните избори наесен.
