Владата минатата недела ги усвои измените во Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали, со кои се предвидуваат учениците од четврто до деветто одделение и средношколците да имаат електронски учебници и материја, а од прво до трето – хартиени
По секој предмет веќе нема да постои само еден извор на информации, туку ќе се користат најмногу до три учебници, а со тоа што ќе се електронски ќе бидат лесно достапни за учење, интерактивни и збогатени со мултимедијални содржини.
Вака објаснуваат од Министерството за образование и наука откако во вторникот Владата на седница ги усвои измените во Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали, со кои се предвидуваат учениците од четврто до деветто одделение и средношколците да имаат електронски учебници и материја, а од прво до трето – хартиени.
Како предност се истакнува тоа што тие сега ќе бидат полесно ќе бидат пристапни, стануваат интерактивни и збогатени со мултимедијални содржини – филмови, анимации, видеоприкази, галерија на слики и задачи, а поедноставно ќе биде и ажурирањето со најнови податоци и факти пред почетокот на секоја учебна година.
Но, што ќе се случува со оное ученици кои нема да имаат можност за користење на вакви учебници?
Од МОН велат дека училиштата ќе можат целосно да го отпечатат учебникот за секој ученик што поради каква било причина нема можност да ги користи електронските учебници, со тоа не мора тој дел да е на товар на ученикот. Ова се однесува и за учениците со оштетен вид за кои државата ќе печати учебници на Брајово писмо, покрај достапноста на секој учебник во аудиоформат.
Министерката за образование Мила Царовска уште во септември лани најави дека при секоја следна набавка на учебници и лектири, кои се користат во образовниот процес, во договорите ќе се вметне и клаузулата за електронско издание кое ќе им биде достапно на учениците, пред сѐ за да се надмине константниот проблем на недостаток на учебници кој е провлекува со години.
Сега само 40 отсто од сите учебници се достапни во електронска верзија, а ситуацијата со ковид го забрза овој процес, односно, Царовска смета дека сега е време да се исправи грешката што ваквата опција досега не била ставен во досегашните договори за набавка.