Собирот се одржа кај споменикот „Скендербег“, а граѓаните носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода“ и „Правда“. Меѓу присутните беа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и претстедателот на Албанскиот сојуз, Зијадин Села
Со почеток во 14 часот во Скопје се одржа протестен марш за поддршка на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, како и за останатите тројца поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели, кои беа прогласени за виновени за воени злосторства и осудени од страна на Специјализираниот совет во Хаг.

Собирот се одржа кај споменикот „Скендербег“, а граѓаните носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода“ и „Правда“. Меѓу присутните беа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и претстедателот на Албанскиот сојуз, Зијадин Села.

Од орагнизацискиот совет на протестот најавија дека се поканети семејства на загинати, ветерани и воени инвалиди, поранешни затвореници и политички прогонувани лица, како и претставници на верскиот, академскиот и граѓанскиот сектор.

На 16 септември Хашим Тачи и Јакуп Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Кадри Весели на 18, а Реџеп Селими на 13 години.
Судскиот совет ги прогласи за виновни за повеќе воени злосторства, додека за обвиненијата за злосторства против човештвото беа ослободени. Пресудата е првостепена и може да биде обжалена.
