Кон крајот на април се очекуваат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега
Се очекува попладнево во земјава да стигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку, според најавите, треба да стигнати на 26 април. Вакцините денеска со авион ќе пристигнат во Софија, по што со специјален транспорт ќе бидат испратени за Скопје.
Кон крајот на април се очекуваат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега.
Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската „спутник В“ и илјада од кинеските вакцини.
Денеска се очекува и нова препорака на здравствените власти околу рестриктивните мерки, со оглед на тоа што утре истекуваат забраните за движење од 20 до 5 часот и за работа на угостителските објекти. Комисијата за заразни болести, врз база на податоците за епидемиолошката ситуација во земјава, на денешниот состанок треба да процени дали треба да продолжат овие рестрикции и во кој период или ќе се оди на нивно ублажување или заострување.