Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 364 нови случаи на ковид-19, од вкупно 2370 тестирања. Најголем дел од новозаразените се од Скопје, и тоа 161 пациент. Од Куманово – 36, Битола и Прилеп – по 25, Охрид – 15, Тетово – 13, Штип – 10, Кавадарци, Струмица и Гевгелија – по 9, Велес, Гостивар и Струга – по 8, Кичево и Дебар – по 6, Свети Николе – 4, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Крива Паланка, Ресен, Берово, Делчево и Богданци – по 1.
Пријавени се 24 починати, од кои најмладиот 40-годишник од Скопје. Седуммина се од Скопје (40г, 52г, 55г, 59г, 64г, 72г и 85г), шест од Битола (63г, 68г, 70г, 71г, 71г и 85г), тројца од Куманово (73г, 76г и 84г) и по еден пациент од Охрид (88г), Кавадарци (82г), Струмица (73г), Струга (69г), Свети Николе (64г), Крива Паланка (74г), Радовиш (75г) и Пробиштип (52г). Сите се починати во болнички услови.
Од министерството за здравство информираат дека 689 пациенти се оздравени со што вкупната бројка од почеток на пандемијата стигнала до 122 810. Вкупната бројка на ковид -дијагностицирани лица е 147.094, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.Досега во земјата се направени вкупно 691.255 тестирања на Ковид-19.