Вкупно 1 708 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 61 пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 704 лица сомнителни и потврдени на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 20 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника, во Козле е примен еден пациент, а четири пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени девет пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 47 оздравени пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 152 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациент, во Велес се лекуваат 88 болни, а во Куманово 105 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 105 пациенти, во Прилеп 121 во ковид-центарот во Гостивар 46, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 29 во Кичево 30, Кавадарци 57, а во Гевгелија 26 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Министерот Венко Филипче на Фејсбук објави дека на редовниот утрински состанок со директорите на ковид-центрите во Скопје ја разгледале состојбата со пополнетоста на болничките капациети при што констатирале дека, иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем.