Драги Рашковски денеска претпладне е донесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.
Полицијата денеска го приведе доскорешниот секретар во премиерскиот кабинет и ексгенерален секретар на Владата откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што не го користи ниедна институција. Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка – „Инвока гроуп“, Даниел Станчев. Со наредбата за истрага се опфатени вкупно четири лица. За другите двајца Обвинителството предлага други мерки на обезбедување.