Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти со ковид
Вкупно 1 687 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 688 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 999 пациенти со ковид.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 23 примени пациенти и седум биле примени на Инфективната клиника, во Козле биле примени тројца нови, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени пет пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 138 пациенти, во Штип е хоспитализиран 91 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 94, во Куманово 92 пациенти, во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 105 пациенти, во Прилеп 123, во ковид-центарот во Гостивар 46, а во Струга 25. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 98 пациенти, во Кочани 28, во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 26.
