Автобус и трактор се судриле на патниот правец Битола – Кичево, по што автобусот се превртел, јави ТВ21.
Според првичните информации автобусот превезувал патници-работници од фабрика која се наоѓа на периферијата на Битола. Повредените патници се пренесени во Клиничкиот центар во Битола, а полицијата врши увид на лице место.
Сообрајаќот на овој дел се одвива по една коловозна лента.