Компаниите од индустријата за организација на настани денеска протестираа пред Владата со барање да се најде решение за состојбата на овој сектор, кој поради пандемијата и ограничувањата за работа бележи, како што велат, пад од 62 проценти. Од Асоцијација на компании од индустријата за организации на настани ИВАП велат дека тоа што Владата деновиве го претставува како помош нема да ги опфати сите засегнати компании.
„Ивент-индустријата е најзагрозена од пандемијата. Според Централниот регистар, нашиот промет е паднат за 62 отсто. Во целата оваа 2020 година, па и во 2021 година ние освен шесте месеци помош за плата немаме добиено никаква друга поддршка од Владата. Не сакаат да нè слушнат. Тие предвиделе некаков конкурс на кој ќе можеме да аплицираме за организирање државни настани. 30-годишнината од независноста на Македонија секако ќе се организираше, ниту можеме тоа да го наречеме помош ниту тоа ќе им помогне на компаниите, особено што нема да бидат помогнати сите, туку само одбраните и не може со парите што ќе добие компанијата од еден настан да ги покрие загубите“,
порача Маја Бабиќ од ИВАП.
Оттаму најавија дека протестите ќе продолжат секој ден од 12 часот пред Владата сѐ до постигнување заемно прифатливо и одржливо решение.