Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Во главниот град, болнички се лекуваат вкупно 686 лица сомнителни и потврдени на ковид-19.
Во ковид-центрите низ внатрешноста на земјава се хоспитализирани вкупно 1 013 ковид-пациенти, односно вкупно на ниво на целата земја се 1 699.
„Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово имало 74 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка“,
велат од Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 90 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 101 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 132, во Гостивар 37, а во Струга 22 болен.
Во болницата во Струмица се хоспитализирани 99 пациенти, во Кочани 26, во Кичево 40, Кавадарци 67, а во Гевгелија 22 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1699 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид-центрите. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“,
велат од Министерството.