Епидемиологот Kон изјави дека бројот на новозаразени сè уште е висок, но оти има стабилизација „на високо ниво“
Српскиот епидемиологот Предраг Кон денеска изјави дека во земјата се смирува ширењето на заразата со коронавирусот и оти бројот на заразени лица ќе се намалува, јави Бета.
Кон за РТС изјави дека бројот на новозаразени сè уште е висок, но оти има стабилизација „на високо ниво“.
„Во Белград се гледа јасен пад. Од друга страна, требаше некому да му се дозволи да работи“,
рече епидемиологот во врска со отворањето на терасите на кафулињата.
Кршењето на антипандемиските мерки тој го опиша како „пркос и инает“ и наведе дека тоа служи „само за намалување на моралот на здравствените работници“.
На прашањето како може да се намали кршењето на мерките, тој изјави дека не го знае начинот, но оти употреба на сила не доаѓа предвид.
Кон рече дека се размислува за враќање на настава со физичко присуство, затоа што бројот на заразени ученици се намалува. Тој додаде дека таквата мерка не е донесена затоа што во некои земји учениците се заразиле по укинувањето на онлајн-часовите.
Според него, во Белград сè уште има најголем број вакцинирани.
„Кој ќе одлучи да не се вакцинира, го избира вирусот“,
рече Кон и процени дека е прашање дали невакцинираните граѓани ќе го добијат вирусот „за една недела или за еден месец“.
