Кризниот штаб во Србија предложи нови мерки, со кои делумно се ублажуваат досегашните. Тие започнуваат да важат од утре од 6 часот наутро.
На угостителските објекти со тераса ќе им се дозволи да работат, но исклучиво на отворено. Максимум ќе може да седат по пет лица на иста маса и со задолжително растојание од два метра меѓу масите. Меѓутоа, останува забранета живата музика.
Кафулињата и рестораните кои немаат тераса, ќе продолжат да продаваат само храна и пијалаци за носење, но доставата на храна ќе биде дозволена 24 часа дневно, седум дена во неделата.
Трговските центри, пак, остануваат затворени.
На сила ќе останат и мерките со кои се предвидува дека во еден објект може да има по едно лице на девет квадратни метри. Исклучок се теретаните, фитнес клубовите и спа-центрите каде е дозволено да има по едно лице на секои 16 квадратни метри.