Во Бразил во последните 24 часа од коронавирус умреле 1 987 лица, јавија светските агенции.
Со овие податоци најголемата земја во Латинска Америка има најголем дневен биланс на жртви во светот.
Досега во неа има 330 193 регистрирани смртни случаи од ковид-19.
Во последните 24 часа во Бразил со коронавирус се заразиле нови 43 515 лица, со што вкупниот број на инфицирани во земјата од почетокот на пандемијата се зголеми на 12 953 597 лица.