Пензионерите во Србија до почетокот на јуни ќе добијат пакет со витамини за да го зајакнат имунитетот, најави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ на ТВ Хепи.
Витамините ќе им стигаат на домашна адреса бесплатно најдоцна до 5 или 10 јуни.
„Секој пензионер од државата ќе добие витамин Ц, витамин Д и цинк“,
најави Вучиќ, пренесува „Јужне вести“.
До крајот на годинава, тие ќе добијат и финансиска помош од 110 евра.