Српската премиерка Ана Брнабиќ најавува дека од следната недела веројатно ќе ги олабават мерките за заштита од ширењето на ковид-19. Според неа, досега во Србија се вакцинирани над 1,3 милиони граѓани од кои 913 илјади се ревакцинирани.
„Се надевам дека во наредните неколку дена ќе стигнеме до милиони ревакцинирани граѓани“,
рече Брнабиќ.
Според податоците кои таа ги соопшти, секојдневно се пријавувале по 10 илјади граѓани за вакцинација.
„На почетокот на април во Србија ќе стигнат нови 500 илјади дози од кинеската вакцина на ‘Синофарм’, како и 106 илјади дози од ‘Фајзер’. Ова значи дека во сите локални самоуправи ќе се отворат вакцинални пунктови и граѓаните ќе може да се вакцинираат и без пријавување“,
рече Брнабиќ.
