Утре членовите на СДСМ ќе гласаат на првите директни избори за партиски лидер, а на кои не се очекуваат поголеми изненадувања односно реизборот на Зоран Заев е повеќе од извесен. Тој е единствен кандидат, а на гласачкото ливче членовите ќе може да заокружат „за“ или „против“.
За гласање, како што беа најавите, пријавени се 68 999 членови. Изборите ги спроведува Централна изборна комисија на СДСМ во сите 80 општински организации, а ќе се гласа на 237 избирачки места.
„Преземени се сите неопходни мерки за уредување на гласачките места согласно со препораките за здравствена заштита од ковид-19 а целиот изборен процес на денот на гласањето ќе се одвива по строго утврдени протоколи за заштита од коронавирусот“,
велат од СДСМ.
Заев како кандидат неодамна ја презентираше и својата програма со која најави нова кадровска политика, освежување, борба против корупција и криминал, разноликост на мислења и мотивирање на граѓаните.
Што ќе донесат првите непосредни избори во владејачката партија и кој ќе остане, а кој ќе си оди од врвот на СДСМ по конгресот во мај и по најавите на Заев за нови кадровски промени, прочитајте во анализата на „360 степени“ ТУКА.
