Бугарските органи одговорија позитивно по барањето за екстрадиција на лицето Игор Спасов во Северна Македонија, информираат денеска од Министерството за правда.
„По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.2.2021 Градскиот суд во Софија донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата“,
се вели во соопштението од Министерството.
Барањето за екстрадиција, се вели во соопштението, е потпишано од министерот за правда Бојан Маричиќ на 10.2.2021 година.
Поранешниот припадник на специјалните единици на МВР, Игор Спасов, кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот.
Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.
МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување казна затвор од седум години и три месеци.