Министерот Бујар Османи вели дека ова мора да се направи поради случаи како Кина, каде што мобилните тимови за издавање пасоши мора да бидат 30 дена во карантин
Нашинците во странство за да добијат нов пасош ги сликаат мобилни тимови, но проблемот се појавува во Кина, каде што секој што ќе влезе мора да биде 30 дена во карантин.
Затоа од МНР најавуваат дека ќе бараат да се менува законот со што ќе се продолжи важноста на истечените пасоши.
„Досега на ваков начин со мобилни тимови се издадени над 7 000 патни документи, но има проблем со македонските државјани со истечени пасоши што се во Кина. Министерството за внатрешни работи да го продолжи рокот на важноста на пасошите до крајот на годината, со измена на Законот, за да може граѓаните да ги искористат сегашните пасоши со изминат рок. Сепак светот е во кризна ситуација со пандемијата со ковид-19 и мораме да се адаптираме на кризните услови“,
вели министерот Бујар Османи и демантира дека оти има проблеми со замената и издавањето на пасошите на нашите државјани во странство и дека тоа е масовна појава.