Жртвите биле застрелани во автомобил во населбата Чаир
Двајца се убиени ноќеска во населбата Чаир во Скопје.
Како што јави Алсат, двојното убиство се случило ноќеска околу 3 часот, на улица „Македонско-косовска бригада“, кај бензинската пумпа на „Макпетрол“.
„Се утврдуваат причините и се прави детална истрага за овој настани и ќе ја информираме јавноста во текот на денот“,
изјави претпладнево министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со двојното убиство во Скопје.
Според извори на Алсат од МВР, убиени се Африм Бериша и Бурим Вардар. Според истите извори, жртвите се застрелани во автомобил.
Многубројни полициски сили се на местото на настанот и го испитуваат случајот. Засега не е познат мотивот за убиството.
