Во угостителски објект во центарот на Куманово биле затекнати 49 лица, од кои шест малолетници, при што не биле почитувани мерките за заштита од ковид-19, соопшти денеска СВР-Куманово.
Во СВР-Куманово вчера во 17:22 часот било пријавено дека во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ има група граѓани што не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.
„Полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во објектот, сопственост на И.А. (30) од Куманово, а изнајмен на А.М.(20) од Куманово, биле затекнати 49 лица, од кои шест малолетници, кои не одржувале дистанца и не носеле заштитна опрема, со што биле прекршени мерките на Владата за спречување на ширењето на ковид-19“,
соопштија од СВР-Куманово.
По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
