Најмладиот од починатите пациенти бил 48 години од Прилеп, а највозрасниот 89 од Скопје. Во последното деноноќие регистрирани се и 374 излекувани пациенти
Во последните 24 часа, направени се 2 972 тестирања за ковид-19 од кои се потврдени 582 нови случаи, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 274, Прилеп – 55, Кавадарци – 40, Куманово – 24, Гевгелија – 23, Неготино – 20, Тетово и Велес – по 18, Охрид – 13, Струмица – 12, Битола и Кочани – по 10, Гостивар – 9, Штип и Струга – по 8, Крушево – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Валандово – 4, Дебар и Виница – по 3, Ресен, Делчево, Пробиштип, Кратово и Демир Капија – по 2, Кичево, Демир Хисар и Берово – по 1.
Регистрирани се 374 оздравени пациенти од: Скопје – 160, Охрид – 59, Струга – 24, Кавадарци – 20, Прилеп – 14, Тетово – 12, Гевгелија и Велес – по 9, Куманово – 8, Ресен – 7, Дебар – 6, Битола, Штип и Радовиш – по 5, Делчево – 4, Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово – по 3, Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево – по 2, Кочани, Виница и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 13 починати лица: 6 пациенти од Скопје (64г, 66 г, 72 г, 74 г, 77 г и 89 г), три од Прилеп (48г, 72 г и 83 г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи, сите се починати во болнички услови.
Активни се 7 418 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101 214, бројката на оздравени пациенти е 90 685, на починати е 3 111, а бројот на активни случаи изнесува 7 418.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 44 233, активни 3 261
- Куманово 5 520, активни 238
- Тетово 5 413, активни 265
- Прилеп 5 287, активни 589
- Гостивар 3 764, активни 138
- Штип 3 641, активни 120
- Битола 3 402, активни 161
- Велес 3 416, активни 244
- Охрид 3 200, активни 387
- Кавадарци 3 253, активни 528
- Струмица 2 686, активни 161
- Струга 2 386, активни 159
- Кочани 1 814, активни 71
- Кичево 1 762, активни 59
- Гевгелија 1 187, активни 165
- Неготино 1 174, активни 169
- Свети Николе 1 105, активни 24
- Ресен 805, активни 66
- Крива Паланка 812, активни 68
- Дебар 791, активни 40
- Радовиш 744, активни 26
- Делчево 732, активни 188
- Берово 640, активни 26
- Пробиштип 538, активни 22
- Виница 518, активни 24
- Валандово 360, активни 25
- Кратово 274, активни 36
- Демир Хисар 261, активни 11
- Крушево 272, активни 65
- Македонски Брод 252, активни 7
- Богданци 260, активни 34
- Демир Капија 240, активни 30
- Македонска Каменица 193, активни 3
- Пехчево 184, активни 3
- Дојран 95, активни 5