Најмал број заразени е регистриран кај децата од 0-9 (1,6%) и од 10-19 години (4,6%)
Во периодот од 15 до 21 февруари 2021, регистрирани сe 2 320 нови позитивни случаи во 33 града, што во споредба со претходната недела е зголемување од 3,9 отсто.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.007; 43,4%), но највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 има во Неготино и Кавадарци (409 случаи /100 000 жители).
Заболените се од сите возрасни групи, но најмногу над 60 години (24,8%), потоа следуваат оние во возрасната група 30-39 (19,2%), 40-49 (19,1%), 50-59 (17,8%) и 20-29 (12,9%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,6%) и од 10-19 години (4,6%).
Зголемен е и бројот на смртни случаи и тоа за 62,8 отсто, односно во оваа недела се регистрирани 70 смртни случаи од 13 града. Во однос на возраста, 65 лица биле над 60 години и 5 лица на возраст од 50 до 59 години.
Намалување има кај бројот на тестирани за 2,8 отсто во споредба со минатата недела, односно во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, тестирани се 15 849 материјали.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 за периодот од 15 до 21 февруари 2021 може да го видите на веб-страницата на Институтот за јавно здравје на http://iph.mk/.