Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ е позитивен на ковид-19, информираше самиот попладнево на својот профил на „Фејсбук“.
„И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите. Вирусот е опасен и непредвидлив. Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата на ковид-19“,
напиша Богдановиќ.