В понеделник, на 1 март, еден месец пред останатите, започнува запишувањето на неколку категории граѓани – припадниците на Армијата, вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, затворениците, бездомниците, но и оние државјани што живеат надвор од земјава
За помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението.
Ова на Фејсбук го објави министерот за правда Бојан Маричиќ откако утрово бил информиран од Државниот завод за статистика дека подготовките за пописот одат во најдобар ред.
„Тоа што е многу важно е дека Евростат и директно потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со ЕУ законодавството, односно највисоките стандарди за спроведување ваква статистичка операција“,
напиша Маричиќ и ги повика ги сите чинители да ја насочат политичката енергија во развој и просперитет на земјата.
Од Државниот завод за статистика утрово не информираа дека подготовките за пописот одат во најдобар ред. За помалку од…
Posted by Bojan Maricik on Wednesday, February 24, 2021
В понеделник, на 1 март, еден месец пред останатите, започнува запишувањето на неколку категории граѓани – припадниците на Армијата, вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, затворениците, бездомниците, но и оние државјани што живеат надвор од земјава.
Постапката ќе трае од 1 до 15 март, а ќе ја спроведат 30-ина вработени во Државниот завод за статистика. Лицата што се на привремена работа или престој во странство, а имаат живеалиште или престојувалиште во земјава, од први март до 21 април ќе се самопопишуваат преку апликација што наредниот понеделник ќе биде објавена на веб-страницата на Статистика, со претходна регистрација.
Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера соопшти дека објавил конкурс со кој се бараат кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори, кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на пописот 2021 година.
Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ собира граѓански потписи во повеќе градови, иако иницијативата за поништување на Законот за попис, не им помина во Собранието, бидејќи беше поднесена со старото уставно име. Лидерот Мицкоски даде неколку предлози – од тоа пописот да биде електронски, до тоа тој да се одложи за следната година.
*Поврзана вест: