Според локалните власти на Лос Анџелес, светски познатиот голфер излетал од патот, по што бил извлечен со сечење на автомобилот
Еден од најдобрите голф-играчи на сите времиња, Тајгер Вудс, се наоѓа во критична состојба во болница по вчерашната сообраќајна несреќа во Лос Анџелес.

Локалната полиција соопшти дека Вудс се здобил со сериозни повреди откако возилото во кое се наоѓал излетало од патот и се превртело, пренесе телевизијата Си-ен-ен.
Вудс бил извлечен од возилото дури откако тоа било исечено со хидрауличен алат.
На видеоснимката направена од воздух и објавена на локален медиум се гледа автомобил покрај патот на ридот, превртен настрана, со сериозно оштетен преден дел.
Според локалните власти, несреќата се случила во 7:15 часот по локално време, а Вудс бил сам во возилото.
Video from NewsChopper4 shows the site of rollover crash involving Tiger Woods. https://t.co/fQL3yjOnSC pic.twitter.com/9aHPHKN4tk
— NBC Los Angeles (@NBCLA) February 23, 2021
Истрагата за причините за несреќата е во тек.