
Стотици скопјани се собраа вечерва пред Универзална сала за да му оддадат почит и да се простат со Ѓорѓе Балашевиќ, легендарниот кантавтор од бившите ЈУ- простори, кој почина вчера од последици од ковид-19.

Токму Универзалната сала беше омилено место за концерти на Балашевиќ во Скопје, каде што неретко доаѓаше.

Скопјани од сите генерации, и покрај дождот, долго се задржаа пред Универзална сала, палејќи свеќи и пеејќи ги прочуените песни на „Панонскиот морнар“.