Овие измени Владата ги достави до Собранието и со нив се продолжува рокот на ажурирање на податоците во банките до 31 март 2021
Граѓаните кои поради блокирани сметки и неажурирани податоци до 25 декември лани не ја добија еднократната помош од 6 000 денари ќе ги добијат овие пари откако во Собранието ќе поминат измените на Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани.
Овие измени Владата ги достави до Собранието и со нив се продолжува рокот на ажурирање на податоците во банките до 31 март 2021.
Оваа измена ги покрива и граѓаните со блокирани сметки кои исто така не ги добија парите.
„На седницата одржана на 29.12.2020 донесе и одлуката за дополнување на Одлуката за отворање посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници“,
посочуваат од Владата.
Со измените ќе им се овозможи на околу 22 илјади граѓани, кои не успеаја да ги ажурираат податоците за банкарските сметки, тоа да го сторат во определен рок за да може да се изврши исплатата на помошта од по 6 000 денари, како и на уште 2 132 граѓани чии приговори се прифатени.
Оваа мерка беше дел од четвртиот владин пакет антикризни мерки.