Деведесет проценти од луѓето дишат загаден воздух, што е поврзано со мозочни удари, рак на белите дробови и срцеви заболувања
Според извештајот, најпогоден е Њу Делхи, најзагадениот главен град во светот, во кој минатата година се регистрирани 54 000 смртни случаи како резултат на опасните честички ПМ 2,5
И покрај подобрениот квалитет на воздухот поради епидемиолошките мерки, загадувањето предизвика околу 160 000 предвремени смртни случаи во петте најнаселени града во светот, покажува истражувањето на еколошката организација „Гринпис Југоисточна Азија“ во кој се проучува влијанието на микроскопските честички ПМ 2,5 кои се резултат на согорувањето на фосилни горива.
Експертите ги повикуваат владите да ги отфрлат фосилните горива и да инвестираат во развој на чиста енергија.
Според извештајот, најпогоден е Њу Делхи, најзагадениот главен град во светот, во кој минатата година се регистрирани 54 000 смртни случаи како резултат на опасните честички ПМ 2,5.
Во Токио загадувањето се смета за причина за предвремена смрт на 40 000 луѓе, по што следуваат Шангај, Саун Пауло и Мексико Сити.
„Кога владите избираат јаглен, нафта и гас наместо чиста енергија, цената ја плаќаме со нашето здравје“,
вели Авинаш Чанхал, активист на „Гринпис Индија“.
ПМ 2,5 честичките се сметаат за најопасни за здравјето бидејќи ги оштетуваат срцето и белите дробови и го зголемуваат ризикот од тешка астма. Некои истражувања, исто така, ги поврзаа овие честички со поголем ризик од смрт од ковид-19.

Според Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот е најголемиот единствен фактор во животната средина што глобално го загрозува здравјето на луѓето и убива седум милиони луѓе годишно.
Деведесет проценти од луѓето дишат загаден воздух, што е поврзано со мозочни удари, рак на белите дробови и срцеви заболувања, а сега се поистоветува и со цигарите, предупредуваат здравствените експерти.
Проблемот со загадувањето најмногу ги погодува азиските градови како резултат на сообраќајот, електроцентралите на јаглен, градежниот сектор, уништувањето на шумите и согорувањето на растителниот материјал, согорувањето дрва и отпад.
Пандемијата и загадувањето
Рестриктивните мерки воведени во борбата против епидемијата на коронавирус ги испразнија улиците и предизвикаа прекин на работата на загадувачките индустрии и привремено го „исчистија“ воздухот над големите градови.
Њу Делхи, на пример, претрпе драматична трансформација минатата година, кога жителите можеа да уживаат во синото небо и свежиот воздух за време на ограничувачките мерки.

Научниците веруваат дека рестриктивните мерки против коронавирусот сигурно резултирале во намален број на смртни случаи од загадување.
Но, за да ја покажат својата решеност за борба против загадувањето, „Гринпис“ ги повикува владите да инвестираат во обновлива енергија.
„Со цел навистина да го исчистат воздухот, владите треба да престанат со изградба на нови централи на јаглен, демонтирање на постојните термоцентрали, инвестирање во чиста енергија како ветер и сонце“,
велат од „Гринпис“.
Во ова истражување, научниците користеле компјутерски модели кои го проценуваат влијанието на ПМ 2,5 честичките врз здравјето врз основа на податоците за квалитетот на воздухот од компанијата за технологија за квалитет на воздухот„Ај-кју ер“ (IQAir), моделите за проценка на научни ризици и податоците за здравјето на населението за 28 градови.
Моделот е развиен во соработка со „Гринпис“, „Ај-кју ер“и Центарот за истражување енергија и чист воздух.