Министерот одговараше на новинарско прашање дали ДУИ е во преговори со опозицијата за ново парламентарно мнозинство
Имаме тесна соработка, имаме меѓусебна доверба и многу набиена агенда и немаме време да се занимаваме со прашања што дефокусираат, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање дали ДУИ е во преговори со опозицијата за ново парламентарно мнозинство.
Парламентарното мнозинство е стабилно, беше дециден Османи, о додаде дека како влада се фокусирани на проекти што се во интерес на граѓаните, кои ги интересира дали се спроведува она што е ветено.
„А што има да понуди опозицијата наспроти ова?“,
праша Османи.
