Доколку Мицкоски смета дека ја има поддршката од мнозинството членови, тогаш на 28 март, недела, не треба да оди на Водно, туку треба да се појави пред делегатите што му ја доверија партијата и да даде отчет за сработеното, велат од Иницијативниот одбор, кој закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и бара отчет и повлекување од партискиот лидер.
„Доколку сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски смета дека добро ја извршувал функцијата што му ја делегираа членовите на валандовскиот конгрес, тогаш треба да одвои еден ден и да се соочи со нив. 367 делегати што гласаа за него во Валандово не очекуваат да бидат јавно навредувани, туку очекуваат Мицкоски да се појави на вонредниот конгрес и да објасни во кој правец се движи партијата вонредниот 17. конгрес закажан на 28 март во Скопје е добра можност за да се отвори поширока дискусија за проблемите со кои се соочуваше партијата и да се зборува за иднината на ВМРО-ДПМНЕ. Вонредниот 17. конгрес закажан на 28 март во Скопје е добра можност за сплотување на партијата и промени кои ќе донесат нова енергија“,
се вели во соопштението.
Во него се додава дека на партијата не и треба лидер кој, како што велат, се плаши да се соочи со своите сопартијци што го избрале и бега бега од сите круцијални одлуки.
„Сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не собра храброст да заземе став и избега од референдумот, оставајќи го народот сам да одлучи дали ќе гласа или ќе бојкотира.Сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не собра храброст да заземе цврст став за пописот и да ги повика граѓаните да учествуваат или да бојкотираат, оставајќи ги сами да одлучуваат дали ќе ги примат попишувачите во своите домови. Сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не собра храброст да излезе на изборите во Штип каде што најавуваше дека се брани Македонија. Избега од изборно соочување и ги остави граѓаните да одлучуваат меѓу кандидатите на СДСМ и помалите политички партии“,
велат од Иницијативниот одбор.
