Пациент на возраст од 71 година, кој бил позитивен на ковид-19, си го одзел животот скокајќи од ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“, каде што бил хоспитализиран.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат настанот и велат дека кај нив случајот е пријавен утрово во 7:20 часот.
„Пријавено е дека маж роден 1970 година си го одзел животот со скок од првиот кат на болницата, односно од ковид-центарот“,
велат од МВР.
Од ГОБ „8 септември“ соопштија дека пациентот бил хоспитализиран на интензивна нега и дека бил во тешка состојба и под психијатриска контрола и опсервација.
„И покрај сите преземени мерки, во утринските часови, скокнал од прозорец од првиот кат. И покрај преземените реанимациски постапки од страна на дежурната екипа, во 7:30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни институции, Министерство за здравство, Министерство за внатрешни работи, јавен обвинител, Државен санитарен и здравствен инспекторат“,
велат од болницата.