Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за вториот круг од претседателските избори и како ќе постапат заедно со БЕСА и Блерим Река.
Тој беше запрашан како ќе постапи како граѓанин и дали ќе излезе да гласа во вториот круг.
– Како граѓанин? Ќе дојде 5 мај и ќе видите. Јас како граѓанин имам право да мислам и да одлучам дали ќе излезам или не, исто како што им апелирам на сите граѓани да донесат одлука лично, според нивна желба да излезат и да изразат или формата за која одлука тие ќе се решат. Како лидер на Алијанса за Албанците… ние имаме само еден кандидат. Кога му дадовме поддршка на професор Река, не излеговме со друг опционален кандидат, дека наводно ќе го поддржуваме професор Река, а потоа можеби и некој друг, не. Верувам дека ова не е коректно од било кој лидер на политичка партија. Во минатото имавме такви случаи за жал, каде лидери на политички партии имаа свој кандидат за претседател во првиот круг, а во вториот круг со шепотење им даваа наредби на членовите на партијата да го поддржат тој или оној член на партијата, односно кандидат за претседател. Тоа нема да се случи со Алијанса за Албанците. Кандидатот кој беше во трка не е во втор круг и со тоа заврши нашето прашање за претседателските избори – рече Села.
Во однос на тоа дали партијата ќе упати некаков повик до гласачите пред вториот круг, Села рече дека АА ќе има централно претседателство кон средината на наредната недела, во среда или четврток
– Тогаш ќе го имаме нашиот конечен став и ќе изградиме став како политичка партија. Но, лично јас, како претседател на Алијансата, пораките што ги имав за пренесување, а бев многу јасен, ги дадов во кампањата додека имавме кандидат за претседател. Пораката и одлуката беше дека го поддржуваме професорот Блерим Река, а во недела на 21 април, откако ги дознавме резултатите, нашата изборна кампања заврши – рече Села.
Напишете коментар