Бројот на хоспитализирани пациенти, кои се позитивни или сомнителни на ковид-19, изнесува 610 лица, а уште речиси толку, односно 603 кревети, се празни, информираат од Министерството за здравство.
Во болниците во Скопје сместени се 280 лица, а на инфективните одделенија во внатрешноста има 330 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 124 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и сомнителен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 26 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 34 во ковид-центарот во Гостивар 18, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Од Министерството посочуваат дека ја следат состојбата со капацитети и доколку има потреба, велат, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
