Најмалку три лица загинаа во експлозија што се случи во зграда во центарот на Мадрид. Според првичните информации експлозијата настанала од истекување на гас, од што настанал и пожар.
Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, го посети местото на експлозијата и за локалната телевизија Телемадрид изјави дека не може да потврди колку луѓе се повредени. Тој додаде дека не е причинета сериозна штета во училиштето што се наоѓа во близина на зградата.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, домот за стари лица, кој е сместен во зградата, е евакуиран, иако нема пријавено повредени меѓу неговите станари.
Во зградата живееле и свештеници каде подготвувале јадења за бездомници.
Полицијата го опколи местото на несреќата во Мадрид и ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа.