Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 650 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид–центрите.
Вкупно 280 лица сомнителни и потврдени сп ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во болницата во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 56 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 45 пациенти, во Прилеп 43 во ковид – центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани девет, во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија шест лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.
