Несреќата се случила вчера околу 10:15 часот, во близина на мариовското село Витолиште
Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно 50-годишно лице од овој град за кривично дело убиство од небрежност од член 126 од Кривичниот законик, кој вчера го застрелал и го убил својот 25-годишен пријател.
Несреќата се случила околу 10:15 часот, во близина на мариовското село Витолиште. Педестгодишниот ловџија го застрелал својот пријател со кој биле на лов на дивеч, кој починал.
Обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
